МЕБЕЛ ПО НАРАЧКА
 

Производството на мебел во нашата фирма исклучиво е концентрирано на изработка на мебел по нарачка. Задоволување на Вашите желби и потреби е примарна цел во целокупниот процес на производство, а наша најголема награда е Вашето задоволство по реализација на проектот. Затоа Ви нудиме слободен избор во обемот на нашата соработка, односно:

  • Изработка на мебел по Ваше идејно решение или проект, или

  • Изработка на комплетен проект заокружен со сите фази: идејно решение према дадениот простор, детален производствен проект, производство, превоз и монтажа на мебелот.

При изработката на идејното решение, нашиот искусен и иновативен проектантски тим се води првенствено од Вашите желби кои во комбинација со искуството и креативноста, најчесто резултираат со:

УНИКАТЕН МЕБЕЛ - само во Вашиот дом и никаде на друго место, односно идеално решение за Вашиот стамбен или деловен простор.

Основни принципи во целокупниот процес на производство за нас се:

  • Функционалноста на нашите производи,

  • Дизајнот и естетските карактеристики,

  • Запазување и точност при роковите за испорака, и секако

  • Квалитетот на нашите производи за што зборува и цертификатот за контрола на квалитет ISO 9001.

За повеќе информации распрашајте се во нашата канцеларија.


 




Систем за квалитет
IS0 9001

 
 
Copyright 2008 © Јавор Комерц. Сите права се задржани.