ЈАВОР КОМЕРЦ експорт-импорт д.о.о. Скопје
Адреса:
ул. "III Македонска Ударна Бригада" бр.68
П. Фах: 156, 1000 Скопје, Македонија

 
Тел/Факс:
(+389 2) 24 43 882


E-mail:
javorkomerc@t-home.mk

Web: www.javorkomerc.com.mk

Историја и развој:

Нашата фирма е формирана уште во далечната 1976 г. како пословница на реномираната словенска фабрика за мебел „ЈАВОР“ од Пивка. Во периодот од 1990 до 1994, без последици врз успешното работење, извршена е приватизација на фирмата и од тогаш па до ден денес функционираме како Македонска фирма во приватна сопственост. Во 1997 г. ја проширивме нашата дејност и покрај трговија со репроматеријали од дрвната индустрија, воведовме и услуги (форматирање и кантирање на дрвени плочи), како пробен период, а потоа и производство на финални производи од дрво и дрвени плочи. Со текот на времето нашиот производен погон континуирано се развива и ја прошири дејноста, па сега предпријатието се занимава и со изведба на ентериери, дрвна галантерија, како и мебел по нарачка за домаќинсва и канцеларии, односно опремање на објекти за физички и правни лица.

Активностите при изведба на ентериери и опремање на објекти донесоа потреба за развој на нашата најнова дејност: Дистрибуција и инсталација на фолии за рамни стакла од брендот број 1 во светот LLumar.

Од горенаведеното можете да видите дека нашата фирма е една од најстарите кај нас, со долгогодишно успешно функционирање во дрвната индустрија од каде потекнува и нашиот слоган ПРЕКУ ТРАДИЦИЈА ДО ВРВЕН КВАЛИТЕТ, за што сведочи и цертфикатот за контрола на квалитетот ISO 9001.

Кадровска опременост:

Нашата фирма вработува 12 лица со соодветно образование, рационално распоредени во сите сегменти кои се потребни за успешно функционирање на една фирма. Комерцијата ја води искусен тим подкован со високо образование од шумарската и економската област, одделение за производство водено од раководство со високо образование од машинската област и соодветен стручен кадар од областа на дрвната индустрија, оддел за финансии со огромно искуство, и одделение за услуги со соодветна стручна спрема од областа на дрвната индустрија.

Техничка опременост: ЈАВОР КОМЕРЦ располага со сопствен деловен простор од околу 1.700 метри квадратни, и е опремена со машински парк за изведба на високо квалитетен технолошки процес заокружено со сите фази на преработка на дрво и дрвени плочи.

 




Систем за квалитет
IS0 9001

 
 
Copyright 2008 © Јавор Комерц. Сите права се задржани.